Људмила Вјачеславовна, која себеси се претставува како Љушка, е единствениот жител на селото Головкино во Русија.
Единствените погодности што таа ги има се мобилен телефон и непостојана електрична енергија. Нејзината куќа се наоѓа на околу 5 километри од најблиската населба.
Људмила е дружељубива, отворена и гостопримлива личност и секогаш има нешто да им понуди на своите гости.
Нејзината ќерка и внук наизменично ја посетуваат. Таа им помага во градината со компири, краставички, свежо овошје и зеленчук што ги одгледуваат во текот на летото.
Сите работи што не може да ги произведе, како шеќер, сол, леб, кибрит или коњак, Љушка ги добива од роднини или соседи.
- Патиштата, платата, фудбалот и киното се глупост - вели Љушка.
За 70-годишна жена, Љушка работи доста напорно. Но, на тоа е научена уште од детството. Таа сѐ прави сама - од сечење дрва до подготовка на сауна во сабота, до поправки на покривот.
Нејзиниот ден почнува во 4 часот наутро. Чисти, сече дрва, носи вода, ја пали руската печка и почнува со приготвување храна. Во селото нема бунари, па таа носи вода од потокот.
Љушка има чувство за стил и не пропушта можност да го покаже тоа.
- Сите ми се љубоморни. Не носам советска облека, облеката ми е од странство. Јакните што ги имам ѝ припаѓаа на тетка ми Липка. Еднаш, за време на војната, таа им даде јајца на фашистите за да не ја казнат мајка ми. Но, некој ја кажа на советската армија и Липка беше испратена во затворот во Норилск 10 години - раскажува Љушка.
До денес таа го носи палтото на нејзината мајка од 1937 година, кое, според нејзините зборови, е одлично и изгледа како ново. Освен тоа, таа самата си ја дизајнира и си ја шие облеката. За неа, шиењето е релаксација и забава.
Мајка ѝ има посебно место во нејзиното срце и прави сѐ како што правела нејзината мајка. Ракотворбите на нејзината мајка ги чува внимателно, а чува и нејзини книги, икони, молитви и песни.
Извор:
Bored Panda
Фото: Olga Kouznetsova