Еден Полјак неодамна 192. пат паднал на теоретскиот дел од возачкиот испит во градот Пјотрков Трибуналски.
Несудениот возач вели дека не се откажува затоа што ги сака автомобилите, а досега за теоретскиот испит платил илјадници евра.
- Можеби е време да го ограничиме бројот на одење на испит на 20 или 30 пати. Ако тогаш не можете да го положите испитот и ако не ги знаете сообраќајните правила, тоа на крајот може да ги загрози другите учесници во сообраќајот - објасни Станислав Кобусјевич, инструктор по возење од местото во кое несреќниот кандидат ги полага испитите.
Теоретскиот дел од испитот се состои од 32 прашања за кои се доделуваат од еден до три поени. Максималниот број на поени е 74, додека за позитивен резултат се потребни 68 поени, а тоа значи дека на испит можете да паднете со само три погрешни одговори. Кандидатот има само 25 минути за да одговори на прашањата, но во првиот обид поминуваат околу 17 отсто од кандидатите.
Кога првпат полагал возачки испит, овој несреќен кандидат имал 33 години, а сега има 50, што значи дека веќе 17 години неуспешно се обидува да го положи испитот.
Извор:
rtl.hr
Насловна фотографија: Freepik