X
 01.06.2022 Живот

Оваа држава масовно ги одзема возачките дозволи поради користење мобилен телефон: Казна до 4.000 евра

Законодавците во Белгија сериозно го сфатија проблемот со мобилните телефони. Во некои делови од земјата е воведено правило за казни до 4.000 евра и губење на возачката дозвола до пет години доколку се користи мобилен телефон додека се вози. Забрането е и да се одбираат маршрути на навигацијата додека возите.

Белгиската полиција евидентирала 2.387 прекршоци, а во последната акција биле одземени 503 дозволи. Полицијата спроведувала контроли 48 часа на територијата на цела Белгија. Целта била борбата против одвлекувањето на вниманието од возењето, феномен за кој се верува дека е причина за четвртина од сообраќајните несреќи во Белгија.

Евидентирани се вкупно 2.387 прекршоци. Од нив 2.331 се однесуваат на употреба на мобилни телефони при возење, а 114 на други форми на одвлекување на вниманието. Во некои општини обвинителството нареди итно одземање на возачките на 503 прекршители.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот