Додека другите земји од Источна Европа се соочуваат со нови рекорди во бројот на пациенти и смртни случаи, Полска најавува делумно отворање поради израмнување на кривата на бројот на нови случаи на Ковид-19.
Вкупниот број на заразени во Источна Европа во саботата надмина пет милиони. Станува збор за регионите во кои се Белорусија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска, Молдавија, Романија, Русија, Словачка и Украина.
Во Источна Европа просечно имало по 82.000 нови случаи секој ден, и во просек повеќе од 1.500 смртни случаи.
Русија, Полска и Украина се меѓу 20. земји во светот со најголем број случаи на заразени.
Но, неодамна полскиот премиер Матеуш Моравиецки најави отворање на трговските центри од следната сабота за да им помогне на трговците во периодот пред Божиќ. На 7 ноември владата нареди затворање на сите места за забава и некои продавници по скокот на бројот на пациенти, но оттогаш кривата на бројот на пациенти се израмни.
- Постои само еден услов -
дисциплина во секоја продавница, центар, продавница за мебел. Ако нема дисциплина, продавниците ќе бидат затворени - рече тој на прес-конференцијата за новинарите.
- Овие одлуки можат да спасат стотици илјади работни места и поради тоа ги донесуваме - додаде тој.
Според него, училиштата остануваат затворени до Божиќ. Тој ги повика Полјаците да ги поминат празниците во најблискиот семеен круг и да не патуваат.
Како што информираат властите, иако Полска беше една од најпогодените европски земји, овие неколку недели бројот на нови случаи и бројот на хоспитализирани пациенти опаѓа, па поради тоа властите одлучија да ублажат некои мерки. На 23 ноември беа регистрирани 15.002 нови случаи, што е огромно опаѓање од рекордните 27.875 на 7 ноември.
Во меѓувреме, Чешка во саботата објави дека бројот на починати од Ковид-19 двојно се зголеми во ноември и сега изнесува над 7.000. Според Министерството за здравство на оваа земја, бројот на загинати во октомври изнесувал 3.523, а сега достигна над 7.000.
Русија на 23 ноември објави рекордни 25.173 нови случаи во еден ден. Во оваа земја има над 2 милиона случаи.
Украина забележа рекордни 14.580 нови случаи на 19 ноември, додека на 23 ноември беа забележани 12.287 случаи. Украинското министерство за здравство информираше дека вкупниот број на заразени се искачи на над 648.000, со 11.263 смртни случаи.
Фото: Freepik