Многу секојдневни навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот.
- Она што е добро во целата приказна е фактот дека токму овие навики најлесно се менуваат - вели д-р Рудол Танзи.
Премногу седење
Просечна возрасна личност седи 6,5 часа дневно, а сето тоа влијае врз здравјето на мозокот. Истражување од 2018 година покажа дека премногу седење доведува до значителни промени во делот од мозокот клучен за меморијата.
Истражувачите користеле скенирање со магнетна резонанса за да го следат медијалниот темпорален лобус, регионот на мозокот кој создава нови спомени, кај луѓе на возраст од 45 до 75 години. Потоа, тие ги споредиле снимките со просечниот број часови дневно кога луѓето седат. Оние што седеле најдолго, имале потенки региони. Според истражувачите, состојбата на медијалниот темпорален лобус може да биде претходник на когнитивното опаѓање и деменција.
Осаменост
Осаменоста е поврзана со депресија и поголем ризик од Алцхајмерова болест и може да го забрза когнитивниот пад. Истражување од јули 2021 година покажа дека помалку социјално активните луѓе губат повеќе од сивата материја на мозокот, слој одговорен за обработка на информации.
Несоодветен сон
Една третина од возрасните не ги добиваат препорачаните седум до осум часа сон. Истражување од декемвриското издание на списанието „Слип“ од 2018 година покажа дека когнитивните вештини, како меморијата, расудувањето и решавањето проблеми, опаѓаат кога луѓето спијат помалку од седум часа навечер.
Хроничен стрес
Хроничниот стрес буквално може да ги уништи мозочните клетки и да го намали префронталниот кортекс, областа одговорна за меморијата и учењето.
Извор:
Index.hr
Фото: Freepik