Истражувачи од Универзитетот на Тел Авив во Израел направиле револуционерно откритие во борбата против ракот на мозокот спречувајќи го ширењето на глиобластом-клетките. Глиобластом е агресивен вид рак што се јавува во мозокот или во 'рбетниот мозок.
Истражувачите го откриле недостатокот во имунолошкиот систем на мозокот што помага во ширењето на ракот. Станува збор за протеин кој ја нарушува функцијата на имунолошкиот систем и го забрзува ширењето на туморите во мозокот.
Фото: Pixabay
Научниците го искористиле ова сознание за да ја вратат нормалната активност на мозокот и да го блокираат ширењето на ракот.
Истражувачите ги истражувале протеините што се лачат кога клетките на имунолошкиот систем се среќаваат со глиобластом-клетките и на тој начин го откриле протеинот, наречен П-селектин.
Истражувачите што стигнале до откритието биле водени од професорот Ронит Сачи-Фајнаро од медицинскиот факултет „Секлер“ при универзитетот.
Извор:
jpost.com