X
 16.01.2022 Живот

Фотограф пронашол поларни мечки што окупирале напуштени згради на остров меѓу Русија и Алјаска

Во септември 2021 година фотографот Дмитриј Кох патувал низ островите во Чукотско Море, маргинално море на Арктичкиот Океан што се наоѓа помеѓу Русија и Алјаска.

- Бидејќи е најоддалечениот и најисточниот дел на рускиот Арктик, до ова место е многу тешко да се стигне, но и тешко да се заборави. Патувавме со едриличарската јахта по должината на брегот и поминавме повеќе од 1.900 километри недопрени предели, села изгубени во времето, места со разновидна фауна и мориња полни со живот - пишува Кох.

2

3

Кох бил во мисија да фотографира поларни мечки, а неговата експедиција првично се фокусирала на островот Врангел, кој е светски познат по тоа што е место за средба со мечките. Меѓутоа, во 2021 година, веројатно поради многу студеното лето, островот бил лишен од типичната популација на поларни мечки.

- Но природата секогаш ви испраќа нешто кога најмалку го очекувате - кога поминувавме низ островот Колучин во близина на северниот брег на Чукотка, видовме некои движења во прозорците на напуштените згради таму. И кога се приближивме - тоа беа мечки! - вели Кох.

4

5

Фотографот вели дека поларните мечки никогаш не биле забележани во напуштените згради на метеоролошката станица на островот, која била изградена во 30-тите, а напуштена во раните 90-ти години. Тој вели дека таа средба е нешто што се случува еднаш во животот.

Кох успеал да сними фотографии од поларните мечки. Некои од мечките лежерно гледаат низ прозорците кон фотографот.

6

7

Островот Колучин се наоѓа на само 11 километри северно од рускиот полуостров Чукотка, а малиот остров покриен со тундра е со должина од 4,5 километри и максимална ширина од 1,5 километар.

Околу девет месеци годишно морето околу островот е покриено со мраз. Нема населби на островот, иако археолозите утврдиле дека овие места биле населени пред 1.500 години. Во 1934 година советските научници овде изградиле поларна станица. Станицата функционирала до 1992 година, по што била затворена, а островот бил напуштен.

8

Една од фотографиите на Кох од неговата серија, на која се гледа поларна мечка како се потпира на скршен прозорец, ја доби наградата „Најдобра фотографија од дивиот свет во антропогена средина“, на рускиот натпревар за фотографија за 2021 година организиран од „Нешнл џиографик“.

Извор: Petapixel.com
Фото: Dmitry Kokh/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот