X
 25.08.2022 Живот

Каде се наоѓа Балканот? Словенците велат долу, Хрватите велат Белград, Србите велат Косово, а другите...

Видео на „Тик-ток“ од познатиот историчар Славој Жижек ја освои публиката.

Славој Жижек е словенечки филозоф, културен критичар и теоретски психоаналитичар. Тој е познат по неговата интерпретација и надградба на теоријата за психоанализа на Жак Лакан, кој ја применил во поп-културата и социологијта. Тој им припаѓа на филозофите на постструктурализмот и групата мислители инспирирани од марксизмот.

Овој историчар на објави јутјуб-видео во кое објаснува каде се наоѓа Балканот и како го доживуваат различни народи во Европа. Дел од видеото стана вирално на „Тик-ток“ каде што корисниците имаат доста позитивни реакции на неговата теорија.

Видеото го започна со прашањето: - Па, каде е Балканот? Ова е стандардна шега, па ајде да направиме цела теорија.

Овде ја имаме Словенија, па таа ќе ви каже дека Балканот е долу, пониско. Ако прашате Хрват каде е Балканот, тој ќе ви каже дека Хрватска е Централна Европа, а Белград, Србија и православната вероисповед се Балканот. Ако прашате Србин, ќе ви каже дека таму некаде, Сараево, Косово, се наоѓа вистинскиот Балкан. Сепак, иронијата е што ако одите уште подолу, некако Балканот се наоѓа горе. Во Грција ќе ви кажат: - Ние, Грците, водиме потекло од Европа, овде горе се Балканските Планини.

Ако прашате Австриец каде е Балканот, тој ќе рече Словенија, оттаму почнува Балканот - примитивци. Ако прашате Германец, ќе ви рече Австрија, тие имаа империја, се измешаа со сите и беа балканизирани. Французите ќе ви речат - Германија.

На крај, Британците ќе ви речат дека цела Европа денес е голем Балкан, но со бриселска бирократија во новиот Истанбул, а само Британците се посебни - вели Жижек во видеото.



Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот