Ова прашање ќе ве направи ефикасни, продуктивни и успешни, пишува Аријана Ају за „Inc.“. Дали некогаш сте биле внесени во проект и одеднаш сте сфатиле дека е целосно бесполезен за вас? Или дека не бил поврзан со вашите главни цели?
Сите ние понекогаш губиме време на работи кои директно не ни помагаат. Секогаш кога започнувате нов проект, пишувате говор, создавате програма или основате бизнис прашувајте се: „
Што сакам да постигнам со овој проект (производ, задача, итн)?“
Главната причина за ова е да ја препознаете главната цел на секоја задача. Откако ќе го разберете тоа, може да одредите како да продолжите. Доколку не можете да дадете одговор на ова прашање, она што го правите веројатно не е вредно за вашето време.
Успешните луѓе знаат дека сè што е вредно за нивното време има одредена цел на крајот. Кога започнувате нови задачи со крајниот резултат на ум, поголеми се шансите дека ќе бидете фокусирани, ефикасни, продуктивни и, како резултат на сето тоа, профитабилни.
Успешните луѓе не го трошат времето правејќи работи само за да бидат зафатени. Тие ставаат приоритети на обврските кои ги движат кон нивната крајна цел.