Новозеландската премиерка Јацинда Ардерн се породи на 21 јуни, во болница во Оукленд, најголемата јавна болница во земјата, во присуство на партнерот. Со тоа таа влезе во историјата како прва западна лидерка што за време на мандатот стана мајка.
Јавноста генерално ја поддржува популарната премиерка. Нов Зеланд долго време има репутација на напредна земја и е првата држава што на жените им дала право на глас во 1893 година, додека Ардерн е трета премиерка.
Таа ја одби можноста да го прекине извршувањето на своите должности поради породилно отсуство. Изјави дека за неа, нејзините деца се најголема среќа и богатство. За разлика од неа, најважните европски политичари, на Германија, Велика Британија, на Франција и претседателот на Европската комисија, немаат биолошки деца.
Фото: Pixsell
Германската канцеларка Ангела Меркел нема биолошки деца. И францускиот претседател Емануел Макрон нема биолошки деца, но неговата сопруга Брижит Макрон има три од претходниот брак. Британската премиерка Тереза Меј и поранешниот италијански премиер Паоло Гентолини, воопшто немаат деца. Холандскиот премиер Марк Руте, шведскиот премиер Стефан Лофвен и премиерот на Луксембург, Ксаивер Бетел, немаат деца, а нема деца ниту претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ниту шкотската премиерка Никола Стургеон. Она што паѓа в очи е дека сите овие земји се политички и економски добри.
- Зборува за иднина, а нема деца - изјави основачот на Националниот фронт, Жан-Мари Ле Пен, за Емануел Макрон.
Трендот се одразува врз нацијата
Некои демографи и интелектуалци, на пример францускиот историчар Жан Луј-Харуел, велат дека не постои оправдување за лидерите на овие земји да немаат деца. Иако
политичарите ги сметаат нивните коментари за злобни, демографите тврдат дека е факт дека овој тренд меѓу водечката политичка каста се одразува врз судбината на нациите што ги водат, и тоа поради големите демографски промени во Европа.