X
 25.06.2018 Наука

Стара вакцина против туберкулоза помага при лекување на дијабетес тип 1

Евтина и стара вакцина против туберкулоза го доведува нивото на шеќер во крвта речиси на нормала кај пациентите што страдаат од дијабетес тип 1 и тоа дава надеж за достапен и ефикасен третман, вели Денис Фостман, директорка на Имунобиолошката лабораторија при Општата болница во Масачусетс.

Експерименталната терапија, вакцината бесеже (Bacillus Calmette–Guérin), ги елиминира клетките што ги напаѓаат ткивата и го зголемува производството на Т-клетки кои можат да ја превенираат штетната автоимуна реакција, стои во студијата објавена во списанието „Ваксинс“.

- Примерокот беше мал, но резултатите се огромни - велат авторите.

Тројца пациенти со дијабетес примиле 2 дози од бесеже. Шестмина пациенти примиле вакцина пред пет години бидејќи се претчувствувало дека тоа може да биде ефективно, а 111 луѓе неодамна почнаа со лекување.

Кај оние што примиле вакцина бил забележан пад на хемоглобинот А1c од просечни 7,26 на 6,18, што е само малку над нормалната вредност, која е под 6.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука