X
 27.01.2020 Здравје

Руски научници развиваат вакцина против коронавирусот

Две експериментални вакцини за новиот коронавирус, кои ги развиваат научници во рускиот Државен истражувачки центар за вирус и биотехнологија „Вектор“, ќе бидат тестирани во јуни, објави денеска сибирскиот разгранок на Руската академија на науките.

- Развиваме две вакцини, нивните прототипови би требало да бидат тестирани во јуни - рече извршниот директор Ринат Максутов.

Според него, „Вектор“ веќе создал два дијагностички комплети за новиот коронавирус.

И Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести исто така почна да развива нов вид вакцина против вирусот 2019-nCoV, кој предизвикува пневмонија.

Од коронавирусот досега починаа 80 лица, а 2.700 се разболеле.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје