X
 19.12.2020 Здравје

Кои се главните разлики меѓу вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“?

Вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“ се едни од најефективните вакцини против Ковид-19 што досега се произведени. САД веќе го одобрија користењето на вакцините од овие две компании. Кои се главните разлики помеѓу нив? „Гуд морнинг Америка“ ги спореди двете вакцини.

Вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“ се примаат во две дози. Дозите на вакцината од „Фајзер“ се примаат на 21 ден, додека оние на „Модерна“ на 28 дена. Двете вакцини се ефикасни до 95% без разлика на полот или расата, дури и кај луѓето со други здравствени состојби.

Here is how the Pfizer and Moderna COVID-19 vaccines compare; they both require two doses, have similar effectiveness rates and have many of the same side effects. http://abcn.ws/34eWEB1

Posted by ABC News on Thursday, December 17, 2020


Двете се чуваат на ниски температури. Вакцината на „Фајзер“ се чува на -70 Целзиусови степени, а онаа на „Модерна“ на -20 Целзиусови степени.

Вакцината на „Фајзер“ е одобрена за лица на возраст од најмалку 16 години, а онаа на „Модерна“ за лица над 18-годишна возраст.


Фото: Pixabay

Негативните ефекти од примањето на двете вакцини се привремени и слаби. Може да се јави болка на местото на вакцинирање, главоболка, замор, чувство на морници, болка во мускулите и во зглобовите. Потешките ефекти се ретки и привремени. Несаканите ефекти од вакцината на „Модерна“ почесто се јавуваат по примањето на втората доза.

Засега недостигаат податоци за безбедноста на вакцините за децата и бремените жени.



Дали може да одлучите која вакцина ќе ја примите? Жителите на САД не можат да одлучат која вакцина би ја примиле бидејќи тоа зависи од местото на живеење и од вакцината што ја има во болницата.

Извор: goodmorningamerica.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје