Град во тајландската провинција Чианг Маи ја спроведува можеби најнеобичната кампања за вакцинирање против ковид-19 во светот. Жителите што ќе се вакцинираат може да добијат крава. Ова е наградата што ја доделува градот Мае Чаем за да ги поттикне жителите да се вакцинираат.
Започнувајќи од наредниот месец, по случаен избор ќе се одбира еден вакциниран жител неделно што ќе добие млада крава. Кампањата треба да трае 24 недели и е позитивно прифатена од страна на жителите. Во градот живеат 43.000 жители.
Фото: Pixabay
Бројот на регистрирани жители за вакцинирање се зголемил од стотици на илјадници само за два дена по најавата на кампањата, пренесува „Бангкок пост“.
Градот ќе почне да ги вакцинира жителите на 7 јуни. Други места во Тајланд ги поттикнуваат жителите да се вакцинираат со други иницијативи - со златни ѓердани, ваучери за пазарење или пари.
Во Тајланд досега над 1,64 милион жители примиле барем прва доза од вакцината против ковид-19. Во државата има вкупно 66 милиони жители.
Извор:
bangkokpost.com