X
 03.09.2021 Живот

Психопатите почесто сакаат храна и пијалаци со горчлив вкус, покажува истражување

Истражување објавено минатата година открива дека психопатите почесто сакаат горчливи вкусови кога станува збор за храната и пијалаците.

Лицата што сакаат пијалаци како џин и тоник, темно чоколадо и црно кафе почесто се садисти, нарциси и макијавелисти, според истражувањето спроведено на Универзитетот во Инсбрук, Австрија.


Фото: Pixabay

Горчливите вкусови им се омилени и на лицата со други негативни карактеристики, како себичност и недостиг на емпатија. Научниците направиле тестови на 953 испитаници, меѓу кои имало и жени и мажи.

Резултатите ја потврдиле хипотезата на научниците дека лицата што сакаат храна и пијалаци со горчлив вкус почесто имаат карактеристики што се поврзуваат со садизмот и психопатијата.

Извор: News18
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот