X
 25.07.2015 Образование

Основните разлики меѓу ТОЕФЛ и ИЕЛТС

Студентите и вработените лица од целиот свет мора да полагаат стандардизирани тестови по англиски јазик за да напредуваат во кариерата, особено доколку тоа го прават во странство. Најпопуларните тестови кои се нудат се ИЕЛТС (International English Language Testing System) и ТОЕФЛ (Test of English as a Foreign Language). Која е разликата?

ТОЕФЛ е тест за англискиот јазик кој се користи во училница

Има повеќе верзии од ТОЕФЛ. Студентите го полагаат оној основан на интернетот на компјутер, а постои и друг кој се полага на хартија. Вториот се користи во институции за вработување или за оценување на прогресот на студентите, но не се прифаќа за запишување на универзитет.

За младите ученици по англиски јазик има два нови тестови за возраст од 11-15 години и за возраст над 8 години, соодветно.

ИЕЛТС за академски и основни јазични вештини

ИЕЛТС има две форми. Деловите за слушање и зборување се исти во двете форми. Во деловите за читање и пишување има разлики. Академскиот тест покрива материјали и теми за студенти, магистранди и професионални програми. Генералниот тест покрива материјали од секојдневни книги, списанија и весници.

Најголемата разлика

ТОЕФЛ и ИЕЛТС најмногу се разликуваат во делот за зборување. На ИЕЛТС имате интервју лице в лице со сертифициран професор, додека на ТОЕФЛ слушате одредена ситуација и го снимате одговорот.

Потоа, има разлика и во слушањето. ИЕЛТС има четири снимени монолози или разговори, додека на ТОЕФЛ слушате предавања од професори и разговори од ученици. 

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование