Моќта на музиката да го намали стресот и да го подобри менталното здравје одамна им е позната на докторите. Научниците велат дека музиката ни го одвлекува вниманието од грижите, а едно истражување од Универзитетот „Квин Мери“ покажало дека музиката за време и по медицинска операција ги смирувала пациентите и ја намалувала болката.
Во истражување спроведено минатата година се покажало дека 57 отсто од Американците слушаат музика за полесно да се справат со стресни ситуации. За споредба, 40 отсто од испитаниците вежбаат за истата цел, а 33 отсто го намалуваат стресот со играње видеоигри.
Докторот Дејвид Луис од лабораторијата при Универзитетот во Сасекс спровел истражување кое покажало дека слушањето музика релаксира повеќе отколку пиењето чај, пешачењето и играњето видеоигри. Во истражувањето тој стигнал до 16 песни што го намалуваат стресот бидејќи релаксираат.
На врвот се наоѓа „Someone like you“ од Адел, по што следува „Please don't go“ од „Барселона“ и „Undress me now“ од Морчиба.
Тимот воден од Луис го мерел ефектот на музиката врз срцебиењето, дишењето и други показатели на стрес на телото на испитаниците за да ги одреди овие песни. Сите песни го намалувале хормонот на стрес кај 20-те учесници.
Извор:
World Economic Forum
Фото: Pixabay