X
 25.08.2016 Живот

Строгите родители ги претвораат децата во „лажговци"

Дали сте строг родител кој бара послушност, или сте повеќе либерален родител што учи на самостојност? Ако спаѓате во првата група на родители, тогаш науката ќе сподели со вас лоши вести. Вашите авторитарни тенденции резултираат кон насочување на вашите деца да станат “лажговци“.

Според истражувањето на Викторија Талвар, познат експерт за социјален-когнитивен развој кај децата од Универзитетот „McGill“, строгото родителство придонесува децата да се развијат во возрасни луѓе кои лажат. Со креирањето на атмосфера на неизбежно казнување за секое дело, децата на овие родители учат како да лажат со цел да ги избегнат казнените мерки за нивното лошо однесување.

Како што објаснува психотерапевтот Филипа Пери, Талвар и нејзините колеги развиле тест со цел да идентификуваат млади луѓе кои се стремат кон лажење преку игра наречена “Peeping Game“. Спроведувајќи го нејзиниот тест во две училишта во Западна Африка, од кои едното било со поблаги правила, а другото со строги дисциплински правила децата биле запрашани да погодат без да гледаат, кој објект прави бучава позади нив.

Ако некој од децата знаеше каков е тој предмет, беше јасно дека тие тајно погледнувале кон предметот кога биле без надзор. За време на експериментот супервизорот ја напушта просторијата и откако се враќа назад ги прашува децата две прашања: “Каков предмет е?“ и “Дали се обиделе да дознаат со гледање?“.

Талвар открила дека училиштето со поблаги и полиберални правила на однесување покажала дистрибуција на деца што лажат и деца што кажуваат вистина слично како и кај многу други западни училишта, додека училиштето со построги правила на однесување докажало дека продуцира деца што екстремно и ефективно лажат.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот