X
 25.08.2022 Живот

Хрватите сакаат да го реновираат Голи Оток

На Денот на сеќавање на жртвите на тоталитарниот режим, Хрватите одлучија најозлогласениот остров во Југославија да се реновира.

Хрватската организација „Документа“, односно тамошниот центар за соочување со минатото, се осврна на уривањето на симболот на тортура на политичките затвореници - Голи Оток. Оваа организација е против рушење на овој споменик, апелирајќи да се преземат мерки за да остане зачуван.

- Загрижувачки е што по истекот на одлуката за превентивна заштита на Голи Оток во 2019 година продолжува натамошното пустошење на преостанатите објекти. Уште еднаш го повикавме Министерството за култура и медиуми да издвои заштита за создавање конзерваторска основа и заштита - објави „Документа“.

Како причина наведоа дека сметаат дека со уривањето на овој затвор, децата ќе останат без место каде што ќе можат да учат за историјата и, пред сè, за страдањата на своите сонародници.

Заменикот на германскиот амбасадор во Хрватска истакна дека Голи Оток е место каде што обично нема информации што всушност се случило таму.

- Ова место е достапно за секого, но никаде нема сведоштва - вели тој.

Од друга страна, јавноста во Хрватска, како и во поранешна Југославија, е поделена. Многумина сметаат дека Голи Оток треба да биде срамнет со земја.

- Којзнае колку крв се пролеала на таа земја - пишува еден твитер-корисник, шокиран од фактот дека овој споменик и маченичка комора треба да се реставрира.

Голи Оток беше затвор и суров работен логор за работничките затвореници, првенствено поддржувачи на сталинизмот по конфликтот меѓу Тито и Сталин. Бил основан во 1948 година како логор, во време на очекуваната инвазија на Југославија од страна на земјите од Источниот блок, предводени од Советскиот Сојуз.

Низ голгота на овој остров поминале точно 16.101 затвореник. Повеќето преживеале, но оние 413 кои, според официјалните записи, загинале на ова место, починале во најтешка агонија. Најмногу од тепање, глад и мачење.

Јово Капичиќ, творецот на ова место, не се откажал од своето „чедо“ до неговата смрт, резигнирано отфрлајќи го фактот дека тој создал симбол на тиранијата. Во неговата визија Голи Оток всушност било место кое им овозможувало на луѓето да се покаат и да станат подобри луѓе, како што своевремено изјавил за магазинот „Код“.

Многумина не би се согласиле со него, пред сè, жртвите и нивните семејства. Многумина се и против негово реставрирање и покрај тоа што поддржувачите на реставрацијата велат дека Голи Оток ќе живее како предупредување.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот