X
 25.09.2017 Здравје

Тибетски рецепт за здрави и бели заби до длабoка старост

Забите на тибетските монаси им остануваат здрави до длабока старост. Така било дури и во древните времиња, кога во овие планински предели немале чуено за комерцијалните пасти за заби или за стоматолози. Нивната тајна е многу едноставна!

Во половина чаша провриена и изладена вода ставете една лажичка крупна сол. Една минута енергично мешајте со лажица, а потоа тргнете ја и отстранете ја формираната пена.

Со четкичка за заби соберете неколку кристали од солта и со оваа смеса мијте ги забите со вообичаените потези, наутро и навечер после оброкот.

Со водата од истата чаша измијте ги забите.

Од оваа постапка забите стануваат бели, а непцата се зацврстуваат и добиваат розеникава боја.

На почетокот ќе почувствувате непријатност: на солената вода веднаш ќе реагираат забите со нагласена чувствителност на топло-студено и кисело-слатко. Ќе бидат чувствителни одредено време, но тоа наскоро ќе помине.

Таквото непријатно чувство се јавува при скапите пасти за чувствителни заби. Бидете трпеливи, „солената“ паста не само што ги уништува патогените бактерии во усната шуплина туку за кратко време ја зацврстува глеѓта и ги „цементира“ пукнатините и нерамнините на забите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје