X
 30.05.2021 Живот

Човекот не би можел да живее подолго од 150 години

Сите сакаме да ја знаеме тајната за долговечноста, но останува прашањето колку долго може да живее човекот? Ново истражување од биотехнолошката компанија „Геро“ од Сингапур анализира како човечкото тело се справува со болести, несреќи и сè што му предизвикува стрес.

Оваа отпорност се намалува со староста бидејќи на 80-годишниците им треба трипати подолго време да заздрават од несреќа или здравствен проблем отколку на 40-годишниците. Според новото истражување, по одреден период телото ја губи способноста за заздравување и целосно би ја изгубило отпорноста на возраст помеѓу 120 и 150 години.


Фото: Pixabay

Истражувачите стигнале до овој заклучок анализирајќи податоци од големи групи жители на САД, Велика Британија и Русија. Со следење на бројот на чекори што ги прават жителите и бројот на крвни клетки во нивната крв, истражувачите забележале дека на луѓето им треба подолго време да заздрават од каква било повреда или проблем како што старееле.

Според истражувачите, отпорноста на телото на човекот почнува да се намалува значително во периодот од средината на 30-тите до средината на 40-тите години, а таа целосно би исчезнала пред 150-годишна возраст.

Претходно, истражување покажало дека максималната возраст до која би можел да живее човекот е 138 години. Ова покажува дека дури и најефективните третмани за болести поврзани со староста може да го подобрат животот со просечен век, но не и максимален, изјавил Андреј Гудков, еден од авторите на истражувањето.

Автор: Ерик Мек
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот