X
 25.09.2020 Наука

Еве колку сон ви е потребен за да избегнете намалување на IQ

Сте слушнале и претходно: со малку спиење станувате истоштени, неми и тажни. Но, обичната дремка ќе ве врати веднаш во форма, нели?

Ново истражување од „ЈАМА“ вели дека тоа не е точно бидејќи малкуте часови сон се поврзани со пониска когнитивна функција, и тоа онаа постојаната.

Групи од 28.756 луѓе во Кина и во Велика Британија пријавиле колку време спијат навечер и биле подложени на когнитивно тестирање, а потоа го повториле процесот четири години подоцна. Сите биле над 45-годишна возраст. Кривата од резултатите е во форма на буквата U, чиј центар е околу седум часа сон: луѓето што спијат помалку или повеќе имаат пониско когнитивно функционирање. И луѓето што пријавиле дека спијат околу четири часа или над десет часа во текот на ноќта покажале не само пониско функционирање, туку и побрз когнитивен пад.

Освен очигледниот ужас од намалување на IQ, ова откритие е релевантно затоа што и деменцијата е когнитивен пад, што често се појавува долго време пред дијагнозата. Истражувачите сакале да ги идентификуваат факторите на ризик и велат дека на луѓето што спијат многу повеќе или помалку од седум часа треба да им биде проценето когнитивното функционирање.

Што се однесува до тоа зошто меморијата бледнее ако слабо спиеме, истражувачите и понатаму не знаат. Иако истражувачите ги контролирале очигледните потенцијални фактори, како што се индексот на телесна маса, образованието и пушењето, можно е и други фактори освен слабиот сон да го „разгоруваат огнот“. Или можеби е сонот.

Извор: Fast Company
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука