Дремнувањето на работа може да ви донесе многу придобивки, а ова биро е единственото што може да ви понуди одлична дремкa.
Грчката дизајнерка Ненси Леивадитоу дошла до идејата за повеќенаменско парче мебел (биро за дремнување) кога живеела во тесен стан во Њујорк, додека била на факултет. Бирото е направено од лакирано дрво, метал и бела кожа, така што е едноставно за употреба во канцеларија. Има два режима: „биро-режим“ и „режим за дремнување“. За да се претвори во удобен кревет, потребно е само да го лизнете горниот дел наназад и да го преклопите задниот дел, што е како душек.
Научно е докажано дека дремката го зајакнува имунолошкиот систем и ги намалува негативните проблеми поврзани со недостиг на спиење.
Работниците што се соочуваат со недостиг на сон се изложени на поголем ризик од здравствени проблеми, како што се хипертензија, дијабетес и депресија. Кога станува збор за зголемувањето на
продуктивноста, дремнувањето на работното место можеби и не е толку лоша работа: кратката дремка прави да бидете будни во наредните неколку часа.