X
 25.09.2022 Образование

Професор со мудар трик ги задржува студентите на своите долги предавања

На повеќето факултети речиси сите професори водат евиденција за присуството на студентите. Во зависност од предметот и факултетот, редовноста некогаш се вреднува со поени.

Меѓутоа, студентите најчесто се потпишуваат за присуство на почетокот на предавањето, а излегуваат пред да заврши. Еден професор забележал дека студентите му бегаат од предавањата ако имаат шанса да се потпишат на почетокот, па затоа ги променил правилата.

Една студентка по фармација од САД на својот профил на „Тик-ток“ објавила видео во кое се гледаат многу студенти на крај од предавање по фармакологија. Сите чекаат да се потпишат и така да докажат дека присуствувале на предавањето.

- Мојот професор по фармакологија е паметен бидејќи нѐ принуди да се потпишеме на листата за присуство на крајот од неговото предавање за да не си заминеме - напишала студентката.

@ayocindi no cause that 2hr lecture is LONG 😭😭 #uni #pharmacy #tiktoksa #fypシ #pharmacytiktok ♬ WE CANNOT ESCAPE WE CANNOT COME OUT - Emile Morgan


- Предавањата траат два часа - додала студентката во објавата која стана популарна на мрежата.

Во коментарите, друг студент го споделил искуството со негов професор кој секогаш ја дава листата за потпишување во различен дел од предавањето. Има и коментар во кој се раскажува за професор кој барал фотографија од студентите за да докажат дека биле на предавањето.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование