Заканата од астероиди е реална и секогаш присутна, а научниците долго време се прашуваат што можат да направат за да ја одбранат нашата планета од катастрофален судир. Чекор кон решение успеаја да направат научници во лабораторија во САД.
Во лабораторијата бил спроведен нов експеримент со цел да се тестира изводливоста за користење нуклеарно оружје против астероиди.
- На повеќето луѓе заканата од астероиди им изгледа далечна. Но, нашата планета секојдневно е погодена од мали астероиди. Ние ги нарекуваме ѕвезди што паѓаат. Сепак, не сакаме да чекаме да се појави голем астероид за да бараме правилен метод за да ја спасиме Земјата од него - вели физичарот Нејтан Мур.
Научниците истакнуваат дека нуклеарната одбрана на планетата може да биде многу ефикасна против поголемите астероиди, особено со ограничено време на реакција. Наместо физички да го „убие“ астероидот, како во сценариото „Армагедон“, оваа техника вклучува детонирање нуклеарни експлозии на безбедно растојание од него.
Мур и неговите колеги експериментирале со „З машина“, која се смета за најмоќниот генератор на импулсна енергија во светот. Ова им овозможило да видат како синтетичките астероиди реагираат на ненадејни удари.
Интересно е тоа што за време на експериментите тие накратко се спротивставиле на ефектите на гравитацијата за подобро да го реплицираат слободното лебдечко движење на астероидот.
Експлозијата уништува дел од астероидот, создавајќи огромна сила што го исфрла од патеката по која се движи. Ова е во согласност со третиот закон за движење на Њутн, кој вели дека секое дејство има еднаква и спротивна реакција.
Експериментите вклучувале изложување на симулиран астероиден материјал на моќни импулси на х-зраци, кои ја уништиле потпорната структура. Ова довело до насилно исфрлање на материјалот.
Во експериментот, научниците ставиле мала количина материјал сличен на астероид во комора каде што може да се постигнат екстремно високи температури. Материјалот стоел в место со помош на многу тенка фолија, која испарувала кога машината се активирала. Ова му овозможило на материјалот да лебди слободно без влијание на гравитацијата.
- Идејата беше навистина иновативна. Во вселената беше поставен „лажен“ астероид. За пад од еден нанометар, можеме да ја занемариме гравитацијата на Земјата 20 милионити делови од секундата, додека „З“ произведува сноп на рендгенски зраци кои се провлекуваат низ површината на „лажниот“ астероид со дијаметар од 12,5 милиметри. Трикот е да се употреби доволно сила за да се пренасочи летечката карпа без да се скрши на половина, на делови кои би продолжиле кон Земјата - додаде Мур.
Научниците тврдат дека овој метод може да биде ефикасен за астероиди широки четири километри, но можно е да се одбијат уште поголеми астероиди доколку има доволно време за подготовка.
Астероидот што ги убил диносаурусите пред околу 66 милиони години бил огромен, а неговата ширина била околу 10 километри. Сепак, дури и многу помали астероиди можат да предизвикаат значителна штета, како што докажа метеорот Чељабинск кој повреди повеќе од 1.200 луѓе во Русија.
Егзистенцијалниот ризик од удар на астероид ги натерал научниците да ги истражуваат планетарните одбрани и стратегии како што е мисијата ДАРТ на американската вселенска агенција НАСА.
Извор:
Klix.ba
Фото: Freepik