X
 15.02.2021 Живот

Вознемирувачката фотографија на „Најдобар фотограф на наука“ ја потенцира климатската вонредна состојба на планетата

Кралското фотографско друштво ги објави победниците на натпреварот „Најдобар фотограф на наука“ за 2020 година.

Сликата од поларна мечка која стои на пловечки мраз во Арктичкиот Океан е една од најдобрите фотографии на овој натпревар.

Како и со многу од победничките фотографии, и оваа фотографија, наречена „На тенок мраз“, од Сју Флод дава вознемирувачка слика за моменталната климатска вонредна состојба со која се соочува планетата.

Натпреварот воведе категорија за климатски промени во која првото место го освои „На тенок мраз“, а второто место ѝ припадна на фотографија наречена „Северниот Пол под вода“, од истата фотографка.

Вкупно четири победници на натпреварот заедно со 75 избрани фотографии ќе бидат прикажани како дел од дигиталниот фестивал на науката во Манчестер, кој се одржува од 12 до 21 февруари, управуван од градскиот музеј за наука и индустрија. Онлајн-изложбата ќе продолжи и по фестивалот, до 2 мај.


Извор: Digitalcameraworld.com
Фото: Science Photographer of the Year
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот