Специјални еколошки дрвја од мов се поставени во Лондон и се очекува да имаат значителен ефект во борбата против загадувањето.
Поставените зелени столбови имаат капацитет за прочистување колку и 275 вистински дрвја. Слични структури претходно биле користени во други градови, вклучувајќи ги Берлин и Хонг Конг.
Станува збор за најсовремена технологија со биотехнички филтри, што користат растенија и мов за елиминирање на токсините и загадувањето на воздухот, а мовта може да отстрани различни загадувачи од воздухот истовремено генерирајќи кислород.
Дрвјата всушност се зелени столбови и се поставени на две локации во округот Валтам Форест, каде што минатата година во април загадувањето на воздухот било на ниво на вонредна состојба. Зелените столбови се поставени на автобуската постојка покрај станицата Лејтонстон, покрај која поминува патот А12, поради кој во тој дел е највисоко нивото на азотен диоксид.
Третиот зелен столб е поставен на раскрсница со многу сообраќај - помеѓу Лејнстон роуд и Кан хал роуд.
Инаку, ваквите дрвја содржат резервоар за вода, системи за наводнување и сензори за надгледување на растот на растенијата. Станува збор за одржлив систем што се напојува со комбинација на вградени соларни панели и внатрешни батерии.
Целиот
проект добро го проучиле и одобриле еколозите.
- Само во Валтам Форест околу 270 луѓе умираат предвреме секоја година поради лошиот квалитет на воздухот - изјави советничката Клер Когил во 2019 година.