X
 25.10.2021 Образование

Кина со закон ги штити децата од домашни задачи

Кина донесе закон со кој се настојува да се намали притисокот врз децата што им го создаваат домашните задачи и дополнителните инструкции од главните предмети.

Пекинг годинава презема и построги мерки за намалување на зависноста на децата од онлајн игрите, кои се сметаат за вид „духовен опиум“, како и „слепото обожавање на интернет-ѕвездите“.

Кинескиот парламент минатата недела најави разгледување на закон со кој би се казнувале родителите ако децата се однесуваат лошо или направат кривично дело.

Според новиот закон, од локалните власти се очекува да го намалат притисокот врз децата, а од родителите се бара да го организираат времето на децата, така што тие ќе имаат доволно одмор и физички активности и ќе избегнуваат претерана употреба на интернетот.

Во текот на изминатите месеци тамошното министерство за образование го ограничи времето што малолетниците може да го поминат играјќи игри на еден час во петок, сабота и во недела.

Исто така, ги намали и домашните задачи и забрани инструкции од главните предмети по завршувањето на наставата, за време на викендите и празниците, загрижени поради преголемиот образовен товар врз децата.

Извор: Buka
Фото: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование