X
 25.10.2021 Технологија

Ново кинеско оружје наводно предизвикува експлозија на сателити

Кинески научници креирале направа која користи експлозиви за уништување на непријателските сателити, пренесува „Фјучуризм“.

Оружјето може да се стави во издувниот отвор на сателитот. Според труд објавен за направата, а во кој „Саут чајна морнинг пост“ имал увид, направата може да детонира и да создаде „временски контролирана, стабилна експлозија“.

Изненадувачки, по експлозијата сателитот е недопрен, а се оштетува интериерот на сондата. Кинескиот медиум известува дека со оглед на тоа дека експлозијата е делумно задржана, може да биде помешана со грешка во моторот.

Иако не е јасно како точно би се вметнала направата во сателит, овој метод нуди нов начин за онеспособување на сонди без користење ласери или проектили, кои лесно може да се забележат, но е и поглед во иднината во која вештините на шпионите би вклучувале и саботажа на активни сателити во орбитата.

Кина во последно време значително го збогати арсеналот на антисателитско оружје, што предизвика страв во Вашингтон од напад врз американските орбитални вселенски бродови. Истовремено, Пентагон ги засилува напорите за градење сопствен арсенал на антисателитско оружје, а и Русија почна да истражува во тоа поле.

Извор: Futurism
Фото: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија