Појавата на интернетот го смени светот засекогаш. Брзата комуникација отвори можности кои луѓето не можеа ниту да ги замислат. Меѓу сите можности што ги нуди интернетот се наоѓа и можноста за купување.
Купувањето преку интернет или онлајн шопингот нуди искуство какво што класичните продавници не можат да понудат. Токму затоа онлајн шопингот секојдневно расте и станува сè попопуларна опција за купувачите.
Секојдневно гледаме како нови онлајн шопинг-платформи нудат различни можности за своите потрошувачи. Секоја нова платформа се чини подобра од претходната.
Најновата на домашниот пазар,
Ananas, за многу кратко време го освои пазарот со својата исклучително брза достава и достапност на повеќе од 100.000 производи.
Од друга страна се класичните трговски центри и големите продавници специјализирани за одредени типови производи. Кој тип шопинг е подобар? Кои се предностите, а кои мааните на двете опции, дознајте во текстот подолу.
Онлајн шопинг како модерна опција
Онлајн шопингот постои од 90-тите години на минатиот век, но особено дојде до израз со појавата на пандемијата на ковид-19. Онлајн шопингот значително порасна со појавата на опасниот вирус, но истовремено детално укажа на сите предности и маани на онлајн купувањето.
Предности на онлајн шопингот:
Купување во секое време од удобноста на домот
Онлајн шопингот овозможува купување од фотелја. Нема потреба да го бркате работното време на продавницата бидејќи интернетот работи 24/7 и може да купувате без да мрднете со прст.
Поголем избор на достапни производи
На интернет може да ги најдете речиси сите производи што постојат. Ако една онлајн платформа ги нема, побарајте на друга, сè додека не го најдете тоа што го барате.
Можност за донесување правилна одлука преку споредба на цени и на производи
Колку пати сте застанале пред рафтовите обидувајќи се да се сетите дали некоја друга продавница го нуди истото по пониска цена? На интернет со само неколку кликови ќе направите детална споредба на цените, квалитетот и вредноста на секој производ.
Подобри цени
Онлајн шопинг-платформите нудат подобри цени бидејќи секогаш имаат помалку давачки отколку традиционалните продавници.
Заштеда на време и на енергија
Едно влегување во трговски центар одзема најмалку еден час. Внатре има метеж, нервозни луѓе, а владеат и вируси. Кога купувате онлајн, ништо од ова не претставува проблем бидејќи купувате кога сакате и од каде сакате.
Недостатоци:
Немање можност да го добиете производот веднаш
Еден од главните недостатоци на онлајн шопингот е немањето можност да го добиете производот веднаш. Треба да нарачате и да ја чекате доставата, која често може да трае по неколку дена.
Недостиг на комуникација со стручно лице
Многумина уживаат во дискусиите со продавачите и во размената на мислења во продавницата. При онлајн шопингот нема разговори со продавачите.
Комплициран процес при враќање на производите
Откако ќе го платите и добиете производот, а забележите некаков недостаток, многу е комплицирано да го вратите или да ги добиете парите назад. Секоја онлајн компанија има своја политика за враќање, но процесот е честопати комплициран.
Класична продавница за традиционално купување
Традиционалните продавници се места каде што се продаваат одредени производи. За разлика од онлајн платформите, во класичните продавници може да добиете одреден производ или услуга веднаш.
Предности:
Брза и прецизна услуга
Купувањето во традиционална продавница значи добивање на производот веднаш. Ако сте жедни, шишето за вода го добивате веднаш и не мора да чекате два-три работни дена за да пристигне на вашата адреса како при онлајн шопингот.
Можност за помош од вработените
Кога сте во продавница, секогаш можете да побарате помош од продавачот. Не секогаш продавачот е стручен и искусен, но некој е тука да ви помогне при купувањето.
Можност за попуст и пазарење со продавачот
Балканците сакаат попусти и пазарење со продавачите. Тоа го нема на интернет. Во продавница или на пазар секогаш може да барате пониска цена за одреден производ.
Директен увид во состојбата на производот
Една од главните предности на купувањето во класична продавница е што секогаш знаете што купувате. Можете да го видите производот пред вас и да го добиете токму тој што го сакате.
Недостатоци:
Продажба само на одредени производи
Ако влезете во продавница за бела техника, нема да очекувате да имаат и детски играчки. На овие места се продава само одреден тип производи, додека на интернет може истовремено да нарачате сè што имате на списокот за дома со еден клик! Бум! Трас!
Купување само во одреден период од денот
Освен понекој киоск или бензинска станица во градот речиси нема продавница што работи 24/7. Може да купите само во одреден дел од денот. На интернет може да купувате кога сакате, во кое било време.
Повисоки цени
Кириите, платите за вработените, маржата на производите и многу други фактори прават цените на производите во традиционалните продавници да се повисоки од тие на интернет. Онлајн речиси секогаш има попусти на сите производи.
Немање можност за споредба и анализа на производите
Дали некогаш сте купувале со телефонот в рака? Многу честа појава во маркетите се луѓе што пребаруваат на интернет за други производи сакајќи да ги споредат со тие што ги гледаат пред себе. Ова не е проблем ако купувате онлајн.
Многу продавници не прифаќаат рекламација откако ќе го напуштите локалот
Во продавница може да го отворите производот, да го разгледате и откако ќе го платите, најчесто парите не ви се враќаат назад. Ако ја напуштите продавницата, а производот не е исправен, најчесто не можете да го вратите назад.
(Комерцијална објава)