X
 28.06.2017 Култура

Нема повеќе чекање: Оваа земја овозможува виза преку интернет

виза
Фото: Thinkstock

Министерството за внатрешни работи на Катар, авиокомпанијата „Катар ервејс“ и катарските туристички органи ја започнаа платформата за електронско издавање на виза за посета на оваа земја.

Аплицирањето за туристичка виза сега може да се направи директно на веб страницата на авио-компанијата, а оваа нова платформа моментално е во пилот фаза.

Новата услуга е воведена за да им се олесни пристапот на посетителите на Катар и нуди поефикасен и потранспарентен систем за пријавување на визи со стандардни надополнувања. Патниците сега може да се пријават директно и онлајн да го следат статусот на својата апликација.

Туристичката виза за Катар чини42 долари, а во ценат се вклучени трошоците за услугата. Плаќањето може да се изврши онлајн со „Visa“ или „МаsterCard“. Документите потребни за пополнување на апликацијата се скениран пасош, лична фотографија, и адреса на која ќе престојувате додека сте во Катар.

Патниците кои ќе патуваат со „Катар ервејс“ ќе имаат дополнителна погодност и автоматски ќе им бидат потврдени картите бидејќи услугата за издавање на визи ќе биде поврзана со платформата за резервација.

Просечниот временски период на чекање на одговор е 48 часа од примањето на сите потребни документи кои ги поднел кандидатот за виза. Кога пријавата ќе биде прифатена, патникот добива електронска виза која пристигнува на неговиот меил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура