X
 20.03.2021 Живот

Оваа мала куќа е дизајнирана да биде неуништлива

Дизајнирана од „Грандио“, компанија управувана од група наставници по архитектура и инженерство, куќата наречена „HÜGA House“ е безбедна и цврста, со дополнителни придобивки од достапноста и флексибилноста.

Малата куќа е изработена од префабрикуван бетон за да се направи речиси неуништлива и може да се инсталира за само еден ден без основа.

Откако ги забележале интензивните аспирации на нивните студенти, дизајнерите од „Грандио“ го искористиле нивното 77-годишно искуство за да создадат пренослив мал дом што може да издржи во најтешките услови и средини.

1

2

Инспирирана од горчливите предели на Патагонија, бетонската обвивка на оваа куќа ѝ дава доволно сила да се избори со сѐ - снег, пожар, влага и планински терени. Според архитектите, куќата може да остане недопрена дури и откако ќе биде закопана.

Кога ќе ѕирнете во внатрешноста, воопшто не би помислиле дека куќата е изградена според стандардите на бункерите. Планот од 45 квадратни метри е надополнет со големи панорамски прозорци, што на малата куќа ѝ дава многу природна светлина.

3

4

Има простор за мала спална соба, дневна соба со кауч и други удобности. Лизгачките прозорци можат да бидат затворени со метални штитови што можат да се преклопат и да функционираат како тенда.

Малата куќа доаѓа во модели со една или две спални, иако и двете опции вклучуваат меѓукат, бања, вграден простор, кујна и двоен простор за живеење или трпезарија. Името HÜGA е инспирација од „хиги“, данскиот збор за удобност во сопствениот простор, во природата и во друштво на други луѓе - концепт што е очигледен во пријатната атмосфера што „Грандио“ ја создаде во толку малечка куќа.

5

6

Куќата не бара никаков вид основа, така што лесно може да се подигне и да се премести на друга локација.

Извор: Inhabitat.com
Фото: Gonzalo Viramonte via Grandio
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот