X
 25.11.2022 Забава

Кениски работник во Катар стана ѕвезда меѓу навивачите

Млад Кениец е познат на социјалните мрежи како Метро момче (Metro guy) откако стана ѕвезда помеѓу навивачите на Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Катар во моментов.

Неговата задача е да ги упатува навивачите до најблиската станица за метро. Тој станал интернет-сензација поради начинот на кој ги води навивачите, извикувајќи „метрооо, метрооо, метрооо“.



Повеќе лица ја работат оваа работа на осумте стадиони на кои се игра фудбал, но само тој е препознатлив кај публиката.

Многумина се шегуваат во коментарите на видеата од него објавени на социјалните мрежи дека тој е попознат и од Меси.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава