X
 25.12.2018 Живот

Останете позитивни дури и кога се чувствувате како цел свет да се распаѓа

Дали некогаш сте имале ден кога самото станување од кревет и облекување ви се вистински предизвик?

Тоа се оние денови кога морате да се соочите со тешки работи, за кои и нема баш изгледи дека ќе се подобрат во блиска иднина. Да, таквите денови можат веднаш да ја убијат мотивацијата.

Понекогаш, кога се чувствувате така, треба да се затворите во собата и да не излегувате никаде. Но, понекогаш, кога имате лош ден и се чувствувате лошо, треба само да кажете: - Не, не денес!

Најдобриот начин да се справите со таквите денови е силата. Ако постојано се трудите да пронајдете сила, дури и кога имате најлоши денови, ќе забележите разлика во расположението, но и во вашата способност да се соочите со работите што ви ги сервира животот.

За да ви помогнеме да почнете, еве неколку цитати за силата што ќе ве доведе кон вистинското размислување и расположение за да го победите наредниот лош ден.

- Кога имате лош ден, навистина лош ден, обидете се да се однесувате кон светот подобро отколку што тој се однесува кон вас, Патрик Стамп.

- Дај ми мудрост да знам што треба да направам и храброст тоа да го направам.

- Не е важна силата на телото, туку силата на духот, Џ.Р.Р. Толкин.

- Животот има начин да ја тестира волјата на луѓето - или ситуациите кога ништо не се случува или ситуациите кога сѐ се случува одеднаш.

- Останете позитивни дури и кога се чувствувате како цел свет да се распаѓа.

- Можете да врескате, можете да плачете, но немојте да се откажувате.

- Без оглед на тоа колку сега боли, еден ден ќе погледнете назад и ќе сфатите дека вашите тешкотии ви го подобриле животот.

- Кога нешто лошо ќе се случи, имате три избори: можете да оставите тоа да ве дефинира, може да оставите да ве уништи или да дозволите да ве направи цврсти.

- Морате да бидете најсилни кога се чувствувате најслабо.

- На крајот на денот, сѐ што ви треба се надеж и сила. Надежта дека ќе биде подобро, а силата за да издржите додека не биде така.

- Ние се правиме себеси очајни или силни. Количината на работа е иста, Карлос Кастенада.

- Прифатете ја оваа борба и дозволете да ве направи посилни, нема да трае вечно.

- Силата расте во моменти кога не можете да продолжите, но сеедно, продолжете понатаму.

- Немојте да се откажете од вашиот живот, ни вечер, ни утре, никогаш.

- Морате да се борите кога ќе дојдат лошите денови за да ги заработите најдобрите денови во вашиот живот.

- Понекогаш морате да паднете пониско отколку што сте биле некогаш за да се подигнете многу повисоко отколку што сте биле некогаш.

- Бурите прават стеблата подлабоко да пуштат корења.

- Никогаш не сфаќате колку сте силни, сѐ додека силата не биде единствениот избор што го имате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот