X
 26.01.2017 Живот

Причини поради кои ни е потребна самотијата

Во својот живот премногу време трошиме на семејството и пријателите, па не ни останува време за себеси. А понекогаш навистина токму тоа ни треба.

Еве зошто, одвреме навреме, ни е потребно да се оградиме од надворешниот свет и да останеме на само со сопствените мисли:

1.    Самотијата ја чисти нашата свест.
Во текот на денот добиваме премногу информации од медиумите, пријателите, колегите, блиските лица. И самите не забележуваме како поедини информации почнуваат негативно да влијаат врз нашиот живот. Затоа понекогаш е неопходно едноставно да се размисли за сè на некое мирно место, каде никој нема да нè вознемирува.

2.    Креативноста, исто така, бара мир и тишина.
Кога сме сами  и не размислуваме за ништо конкретно, нашата фантазија добива слобода и во тие моменти слободно можат да се родат многу идеи.

3.    Самотијата помага во зајакнувањето на сигурноста.

Ние го слушаме својот внатрешен глас, ги одмеруваме сите „за“ и „против“ врз основа на сопственото искуство, а тоа е многу поважно од мислењето на другите.

4.    Стануваме посамостојни.

Кога остануваме сами со себе, можеме да фантазираме и да создаваме цели засновани на нашите соништа, без туѓото влијание.

5.    Самотијата ја изострува перцепцијата.
Оградени од емоции и вознемирувања од надворешниот свет, многу е полесно да се извлечат вистинските заклучоци или поинаку да се погледнат актуелните проблеми.

6.    Самотијата ги намалува стресот и нервозата.

Таа помага да се внесе ред во сопствените мисли, после напорниот ден.

7.    Најдобар начин за себесознавање е да се направи кратка пауза во комуникацијата со опкружувањето.
Тоа ќе помогне да се дефинира она што навистина ни е најважно и да се направат приоритети.

8.    Самотијата ги зајакнува врските.

Верувале или не, но ниту нашите најблиски немаат потреба од наше постојано внимание. Кога имаме доволно време за да се разбереме самите и притоа да се почитуваме, ќе бидеме способни подобро да ги разбереме и другите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот