X
 26.01.2020 Забава

Чудни работи што ги правиш на факултет

Студентскиот живот подразбира обврски на факултет, но и добра забава.

Мислиш дека само ти упаѓаш непоканет на журка во студентски дом? Се лажеш - тоа го прават сите. А честа е и ситуацијата кога се запознаваш со луѓе што веќе ги познаваш, малку повеќе пиеш и се наоѓаш со непознат/а момче/девојка.

Кога малку повеќе си испил, се прегрнуваш со сите што во моментот ќе ти се најдат во близина, им кажуваш дека ги сакаш и склопуваш „инстант-пријателства“. Којзнае, можеби така ќе запознаеш пријатели за цел живот.

Кога доаѓа следната забава, сè почнува од почеток - се запознаваш со луѓе што веќе ги знаеш, а „инстант-другарот“ веќе ти изгледа непознато.

Да се вратиме на другата страна на животот на студентот.

Колоквиумите се наближуваат, а тебе веќе те чекаат еден куп обврски. Тогаш се присетуваш дека треба да ја исчистиш и да ја средиш собата, бидејќи дотогаш си немал време, па затоа сега, „пред учењето“ мораш да го направиш тоа.

На предавањата некогаш се чувствуваш глупаво, некогаш си попаметен од сите, некогаш заспиваш на столчето... Погледнете кои други работи го прават студентскиот живот забавен.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава