Ако отсекогаш сте сонувале да живеете во САД, сега имате единствена можност, а за преселувањето ќе ви биде платено и ќе ви биде понудена работа.
Арканзас е американска држава која со децении е на работ на Дивиот Запад и која се смета за дел од САД од 1836 година.
Оние што работат од дома ќе бидат наградени доколку одлучат нивното место на живеење и работа да биде Арканзас. Имено, Советот на северозападниот дел на Арканзас им нуди 10.000 долари во биткоини на технолошките работници и претприемачи за да се преселат таму.
Како што е наведено на
веб-страницата на организацијата, оваа област на Америка доживува експлозивен раст во технолошкиот сектор, особено во рамките на технологијата што поддржува блокчејн.
Станува збор за кампањата „Живеј и работи тука“, која почна во ноември 2020 година, како одговор на намалените приходи од туризмот. Првично, наградата беше само 10.000 долари во готовина, и тоа и понатаму постои како опција доколку некому повеќе му одговара.
Сепак, не се работи само за пари. Работниците што ќе одлучат да се преселат добиваат и велосипед за рекреација и истражување, како и членство во државни уметнички и културни институции. Оние што не работат во доменот на технологијата, но имаат желба да живеат и да работат во Арканзас, исто така, можат да добијат 10.000 долари, според веб-страницата.
Секако, постојат одредени услови. Потребно е кандидатот за наградата да има 24 години, две години работно искуство, да е подготвен да работи полно работно време, да не живее во Арканзас, и да може да се пресели таму во рок од 6 месеци по добивањето на финансиската стимулација.
Исто така, потребно е кандидатот да биде државјанин на САД или да има виза. Како што се наведува, досега барање за преселување поднеле 35.000 луѓе од различни земји.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото:
Wikipedia