X
 21.06.2017 Култура

Што се случува кога државата е премала за аеродром?

Модерното време наметнува постојана потреба од развој на авионскиот сообраќај. Дали сте се запрашале како го решаваат ова прашање земјите чија површина е толку мала што немаат доволно простор за регионален аеродром?

Ваков е случајот со Ватикан, Монако, Сан Марино, Андора и Лихтенштајн.

Ватикан има површина помала од половина квадратен километар и е најмала суверена држава на светот. Дури и да би била малку поголема, локацијата во центарот на Рим не одговара за аеродром. Античкиот ѕид на Ватикан се користи како хелиодром, а италијанските воздушни сили му позајмуваат на папата хеликоптери за летови надвор од Ватикан.

Монако речиси и нема рамен предел погоден за аеродром. Меѓународниот аеродром на Ница е погоден за многу меѓународни дестинации, а се наоѓа многу близу, на француска територија. Монако има многу хеликоптери кои возат на секој час во двата правци, кон и надвор од него, а фирмите кои се со седиште во градот-држава нудат услуги за превоз, но чинат повеќе пари.

Сан Марино може да се гордее со својата историја, но со оглед на тоа дека се наоѓа на планински предел, нема можност за било какви воздушни патни активности. И покрај недостатокот од аеродром, таа има активен регистар на авиони кој е отворен за оператори од цел свет ако ги исполнуваат зададените услови.

Андора е сместена на самото средиште на планинскиот масив Пиринеи, така што туризмот е клучен за економијата. По отфрлање на идејата да се гради аеродром на Пиринеите од технички причини, како очигледна алтернатива е земен аеродромот Le Seu d’Urgell кој се наоѓа преку границата, во Шпанија.

Овој аеродром станал помалку користен во раните осумдесети кога се укинати редовните летови за Барселона, но ситуацијата би можела да се промени по неговото реновирање. Андора ерлајнс и Ер Андора се стартап компании кои имаат за цел да го освојуваат овој пазар, но ниту една од нив не почнала со летови за сега.

Лихтенштајн е уште една европска држава која нема доволно простор за пристоен аеродром. Најблискиот аеродром се наоѓа на самата швајцарско-австриска граница. Тој е познат по тоа што постана база на најкраткиот меѓународен лет на светот кој траеше осум минути до германскиот град Фридрихсхафен. Сепак овие летови се прекинати поради премалиот број на патници.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура