X
 26.01.2017 Наука

Постои радикална теорија според која животот на Земјата потекнува од Марс


Доктор Калеб Шарф од Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк смета дека животот води потекло од Марс, пред да биде пренесен на Земјата преку астероиди.

Оваа радикална теорија, наречена пансперимија, првпат била изнесена во 1871 година.

Според неа, на Марс имало идеални услови за настанување живот, вклучително вода во течна состојба и атмосфера.

Во еден момент, во оваа планета удрил астероид, што ги собрал животните форми и ги пренел на Земјата.

„На Земјата можат да се најдат делови од Марс, па затоа претпоставуваме дека на Марс исто така можат да се најдат делови од Земјата. Ако овие карпи можат да пренесат живи организми, тогаш не е за исклучување дека ние можеби сме Марсовци“, изјави Шарф.

И покрај фактот што сè уште нема докази, идејата за панспермијата  станува сè поприфатлива меѓу научниците.

Биологот Питер Ворд од универзитетот во Сиетл, астробиологот Чандра Викрамсинге од Универзитетот во Бакингем и неговиот колега, доктор Милтон Вејнрајт, се некои од нив.

„Во близина на нашата галаксија се откриени 900 егзопланети, а пресметката зборува дека само во нашата галаксија се наоѓаат околу 140 милијарди планетарни системи погодни за живот, од кои повеќето се поврзани со ‘црвените џуџиња’. Тие меѓусебно се оддалечени само неколку светлосни години. Се работи за релативно мала меѓупланетарна оддалеченост што вселенската прашина, метеорите и кометите можат лесно да ја премостат“, напиша Викрамсинге во студијата објавена во 2015 година во „Астробиолошки магазин“.

Оваа теорија на извесен начин добива поддршка и од научниците во НАСА кои моментално се наоѓаат во потрага по животни форми на Марс. Од друга страна, вниманието на европските вселенски агенции е насочена кон истражувањата на Месечината.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука