X
 05.08.2017 Живот

Конечно почнете да живеете според сопствените правила

Започнете со нешто многу едноставно:

1. Престанете да консумирате кофеин

Енергијата треба да произлезе однатре, а не од испиеното кафе.

2. Молете се или медитирајте наутро, на пладне и навечер

Помага за мотивација и фокусирање.

3. Читајте една книга неделно

Обичните луѓе бараат забава. Исклучителните луѓе бараат едукација.

4. Пишувајте во дневник 5 минути дневно

Оваа навика ќе ви ги исчисти емоциите и ќе ви служи како личен терапевт.

5. Стапете во брак со лицето што го сакате

Ќе имате поголема цел и ќе бидете продуктивни бидејќи имате и друго лице кое се потпира на вас и вие на него.

6. Направете листа со активности и држете се до неа

Што сакате да направите пред да умрете?

7. Престанете да консумирате рафиниран шеќер

Со ова вашиот мозок радикално ќе се промени на подобро.

8. Постете 24 часа еднаш неделно

Ќе си го подобрите здравјето.

9. Изолирајте се од интернет 24 часа еднаш неделно

Уживајте во сегашноста и реалноста и подарете им внимание на најблиските.

10. Престанете да ги следите вестите

Извршете детоксификација од лоши вести и негативна енергија.

11. Правете нешто секој ден што ве преплашува

Борете се постојано со своите стравови.

12. Направете нешто учтиво за некого на дневна основа

Животот е подобар кога ќе направите добро дело.

13. Легнете си рано и разбудете се рано

Ранобудниците се поуспешни, а и ќе имате повеќе време за обврските и за себеси.

14. Спијте минимум 7 часа

Спиењето е важно исто колку и јадењето и пиењето вода.

15. Топлото туширање заменете го со ладен туш

Се подобруваат физичкото и менталното здравје.

16. Научете да кажете „не“

Не можете да ги задоволите сите. Поставете приоритети.

17. Кажете „благодарам“ секогаш кога сте услужени

Реткост е луѓе да се благодарни и токму затоа е неверојатно.

18. Кажете им „те сакам“ 3 пати дневно на најблиските

Колку повеќе изразувате љубов, толку повеќе луѓето чувствуваат љубов за вас.

19. Консумирајте 30 грама протеини 30 минути по будењето

Појадокот е најважниот оброк во денот.

20. Слушајте аудиокниги

Мозокот ќе работи побрзо и поефикасно.

21. Одлучете каде ќе бидете за 5 години и постигнете го тоа за 2

Секогаш има начин. Искористете го сопствениот потенцијал.

22. Отстранете сè што е непотребно во вашиот живот

Облека, предмети, обврски, луѓе.

23. Заменете ги јаглехидратите со здрави масти

Авокадо, јаткасти плодови, месо, риба, кокосово масло.

24. Пијте свежо цеден сок неколку дена во неделата

Витамини и хранливи материи од овошје и зеленчук.

25. Имајте верба во нешто поголемо од себе

Лесно е да си скептик. Вербата во соништата е чекор напред кон нивно остварување.

26. Исходот нека не ви биде опсесија

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате.

27. Еден час дневно за релаксација

Релаксирањето е основно за постигнување успех. Без одмор, напорната работа нема да вроди со плод.

28. Извинете им се на луѓето на кои сте им згрешиле

Нивото на стрес ќе се намали, а вие ќе се ослободите.

29. Станете пријатели со 5 лица што ве инспирираат

„Опкружете се со луѓе кои ве потсетуваат повеќе на својата иднина отколку на минато“ – Ден Саливен.

30. Заштедете 10% од вашиот приход

На крајот, штедењето ќе ви се исплати.

31. Донирајте 10% од вашиот приход

Раката што дава, не се суши – народна поговорка

32. Пијте вода

Поздрава кожа, подобро функционирање на мозокот и низа други придобивки.

33. Купете мало место наместо да живеете под кирија

Подобро во мало и свое, отколку во туѓо и скапо.

34. Проверете ја електронската пошта и социјалните медиуми не порано од 60 до 90 минути откако ќе се разбудите

Ставете се себеси на прво место, па потоа останатите.

35. Направете неколку радикални промени секоја година

Пробајте нови работи и преземајте ризици.

36. Дефинирајте што е среќа за вас

Никогаш нема да имате време да направите сè. Концентрирајте се на она што ве исполнува.

37. Размислете за парите

Парите не носат несреќа, ниту се проклетство. Обидете се чесно да ги заработите и променете го негативниот став кон нив.

38. Инвестирајте во индустрии за кои сте информирани

Не плеткајте се во она што не го разбирате.

39. Водете грижа за основните работи

Креирајте бизнис и фокусирајте се на најважното. Ослободете ги своето време и својата енергија за она што е од најголема важност.

40. Имајте повеќе приходи

Направете распоред и обидете се да заработувате од повеќе различни страни.

41. Подобрувајте ги навиките

Самодисциплина и самодисциплина.

42. Немојте да имате повеќе од 3 обврски за завршување дневно

„Ако имате повеќе од 3 приоритети, тогаш немате приоритети“ – Џим Колинс.

43. Наместете го креветот кога се будите

Според истражувања, овие луѓе се посреќни.

44. Ризикувајте

Немате што да изгубите.

45. Бидете спонтано дарежливи со странец еднаш месечно

Во животот е важно кон што придонесувате и како се развивате како личност. Бидете спонтани.

46. Напишете внимателна порака за некого еднаш дневно

Вниманието е толку моќно и е гест кој предизвикува позитивни емоции.

47. Бидете добри пријатели со родителите

Обратете им се за мудрост и совет. Тие ве разбираат и ви мислат најдобро.

48. Чистете ги забите

Одлично е за здравјето на забите. Смејте се.

49. Јадете заедно со семејството барем еднаш дневно

Времето поминато со нив е скапоцено.

50. Потсетете се барем еднаш дневно што сè имате

Бидете благодарни. Ќе привлечете позитивна енергија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот