Сообраќајните казни зависат од земја до земја, а во време на годишни одмори корисно е да се испрати апел до возачите да ги почитуваат правилата. Корисно е и да се знае за висината на казните за сообраќајни прекршоци во некои од најпопуларните земји за летување.
Според податоци од српскиот „Авто-мото сојуз“, возењето без сигурносен појас најстрого се казнува во Грција. Имено, во Грција може да платите казна до 350 евра за овој прекршок.
Во Италија истиот прекршок се казнува до 330 евра. Во Турција казната изнесува само околу 3 евра, додека во Бугарија овој прекршок се казнува со 25 евра.
Казната за неносење безбедносен појас во Хрватска изнесува околу 135 евра, а во Црна Гора изнесува околу 100 евра. Словенците имаат казна од 120 евра за овој прекршок.
Во Унгарија неносењето безбедносен појас се казнува од 25 до 50 евра, а во Босна и Херцеговина 150 евра. Во Австрија казната за овој прекршок изнесува 72 евра.
Извор:
Espreso
Насловна фотографија: Pixabay