Историскиот затвор во градот Фјурстенау во Северозападна Германија по повторното отворање работи веќе извесно време, но сега како хотел. Многу туристи, меѓу кои и штотуку венчани брачни парови, доброволно би минале ноќ зад решетки.
- Креветите во ќелиите се со големина 90 на 200 сантиметри и нудат високо ниво на удобност - истакна Вернер Прис, претседател на Друштвото за археологија и историја на градот, кое и го обнови некогашниот затвор.
При пријавувањето за престој посетителите добиваат и комбинезон со црно-бели риги, за искуството да биде што поавтентично.
- Не е задолжително, но многумина ги облекуваат - вели Гунтер Спонхауер, друг претставник на Друштвото.
Затворот во Фјурстенау, близу Хамбург, бил изграден 1720 година, но бил затворен подолго време. Во него некогаш биле сместени многу осуденици, меѓу кои и еден коњокрадец-убиец, кој 1883 бил погубен.
– Шест ќелии се претворени во соби за гости, а останатите две се оставени во својата изворна состојба, како што изгледале порано, како специфична туристичка атракција, појаснува Прис.
Цената за една вечер е 45 евра, но ако се одлучите за подолг престој, тоа ќе чини само 37 евра од ноќ.
Oвa нe e единствен таков пример во светот. Свои хотели-затвори имаат и Велика Британија, Шведска, Турција, САД, Австралија, Холандија, Словенија
Извор: МИА