X
 22.03.2019 Технологија

„Гугл“ доби нова казна од ЕУ

Европската Унија го казни технолошкиот гигант „Гугл“ со 1,5 милијарда евра поради злоупотреба на доминантната улога на својот пребарувач за да ја блокира конкуренцијата во поставувањето реклами на резултатитe од пребарувањата што се појавуваат на интернет-страниците на трети страни.

Ова е последното од три официјални обвиненија на Европската комисија против „Гугл“, со тоа што оваа казна е значително помала во споредба со претходните две, кои имаа вкупна вредност од 6,8 милијарди евра.

Но, казните се повеќе отколку само пари.

Европската комисија му нареди на „Гугл“ да го промени начинот на кој ги „турка“ своите апликации на „Андроид“ и како ги користи пребарувачите за да го подобри својот сервис за купување. Според службениците, промените веќе даваат резултати.

„Гугл“ веќе не може да ги принудува производителите на паметни телефони да инсталираат производи на „Гугл“ ако користат „Гугл Плеј Стор“. Од компанијата истакнаа дека сега ќе ги прашуваат корисниците на „Андроид“ кој пребарувач сакаат да го користат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија