X
 02.04.2021 Образование

Средношколци од Берлингтон одат на училиште во трговски центар

Учениците во средното училиште во центарот на Берлингтон, Вермонт, порано оделе на пазарење во трговскиот центар што се наоѓал во градот. Сега таму одат за да учат.

Месецов училиштето било отворено во поранешниот трговски центар „Мејсис“. Зградата на училиштето била затворена пред шест месеци по откривање отровни индустриски хемикалии за време на реновирање. Во тој период часовите биле одржувани од дома, како и часовите во многу други училишта во САД годинава.

Како што почнало да се планира враќањето во училниците, се барала нова локација за одржување на часовите. Бил одбран поранешниот трговски центар, кој требало да биде пренаменет за часовите. Сојузната држава Вермонт финансиски ги поддржала поправките, кои чинеле 3,5 милиони долари.


Се додале ѕидови за да се направат училници, но некои работи останале непроменети, како подот и црвените теписи. На ѕидот на една училница има огромна фотографија од фармерки, а библиотеката е сместена во поранешна продавница за керамички садови. Кафетеријата е во поранешна продавница на „Мајкл Корс“.

Училиштето ќе ја изнајмува зградата 3,5 години.

Автор: Ерин Снодграс
Извор: insider.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование