X
 21.01.2022 Живот

Избрани се најдобрите градови за живеење во светот: Еве каде луѓето се најздрави

Зачекоривме во 2022 година и многумина од нас сакаат да започнат одново, да ги сменат навиките и да почнат нов начин на живот. Одржувањето добро здравје никогаш не било поважно, особено во изминатите две години кои ни донесоа бројни ограничувања на движењето. Британската компанија „Ленстор“ спроведе истражување за најдобрите градови за здрав живот во 2022 година. Земајќи го предвид нивото на дебелина, очекуваниот животен век, бројот на сончеви часови годишно, квалитетот на воздухот и водата, нивото на среќа и цената на месечното членство во теретана, секој град беше оценет преку 10 фактори што придонесуваат за балансиран и здрав начин на живот.

Ова се најдобрите градови за живеење во светот кои успеале да ги исполнат најважните критериуми.

Виена со години ја носи титулата најдобар град за живот

Освен што е еден од најубавите градови во Европа, Виена со години е и најдобриот град за живеење во светот. Освен него, ниту еден град не успеал толку долго да остане прв на листата. Австрискиот главен град е неизбежна дестинација за многу туристи од целиот свет кои уживаат во богатото културното наследство, уметноста и храната.

viena
Фото: Freepik

Со 1.884 сончеви часови годишно, цената на едно шише вода е 0,70 евра и тоа што се наоѓа во деветтата најсреќна земја меѓу анализираните локации, Виена повторно се најде на врвот на листата на најдобри градови за здрав живот. Цената на месечното членство во теретана овде ќе ве чини 27 евра, а жителите работат во просек 1.400 часа годишно.

Дубаи - град на луксузот, златото и дијамантите

Со речиси 200 различни националности кои го нарекуваат дом и со 90 отсто од населението кое доаѓа од целиот свет, Дубаи е секако еден од најмултикултурните градови во светот. Покрај спектакуларните хотели и мега центри, градот на луксузот, златото и дијамантите може да се пофали со успешна уметничка и дизајнерска сцена, но и со неодоливи гастрономски специјалитети кои постојано се трансформираат и преобразуваат во нови форми на чисто задоволство.

dubai
Фото: Freepik

Со неверојатни 3.509 сончеви часови годишно и речиси 2.000 активности на отворено, овој град го зазеде второто место меѓу најдобрите градови за живеење. Цената на месечното членство во теретана е 66 евра, а на скала од 1 до 10, нивото на среќа на нејзините жители е измерено на 6,5.

Копенхаген - град во кој живеат најсреќните луѓе на светот

Данска не само што е една од најбезбедните, туку и една од најсреќните земји во светот. Бидејќи теренот во Копехаген е претежно рамен, тој е идеален за возење велосипед и долги прошетки. Копенхаген, исто така, може да се пофали со третото најниско работно време, зад Франкфурт и Берлин, при што жителите на данската престолнина работат во просек 25,8 часа неделно.

danska

Данската престолнина го има и петтиот најнизок индекс на загадување од кој било анализиран град и е совршено место за секое вежбање на отворено. Нивото на среќа на неговите жители е 7,5/10, има 1.912 сончеви часови годишно, а нивото на загаденост се проценува на ниски 20 отсто.

Франкфурт - европскиот Менхетен

Дали знаете дека скоро секоја трета личност која живее во овој град нема германско државјанство? Според најновите статистички податоци, областа Франкфурт е дом на луѓе од повеќе од 185 различни земји ширум светот, што го прави еден од најмултикултурните градови во Европа.

frankfurt
Фото: Freepik

Познат е по најголемиот број саеми во светот, со околу 800.000 жители, а кога ќе се погледне вкупниот број на работни часови годишно, Франкфурт е на прво место како град со најдобар сооднос на деловен и приватен живот со 1.332 часа - што е нешто повеќе од 25 часа работа секоја недела. Предностите на ова пократко работно време се рефлектираат и во високиот резултат на среќа од 7,3/10.

Амстердам - велосипедската претстолнина на Европа


За пошироките маси, првата асоцијација за Амстердам е марихуаната, но не мора да сте нејзин обожавател за добро да се забавувате во главниот град на Холандија. Амстердам е многу повеќе од кафулиња. Првото нешто во кое се заљубувате во овој град е архитектурата - тесни, шарени, закривени згради и канали. Тоа е град со најдобра велосипедска инфраструктура во светот, град кој ја цени уметноста, културата и историјата.

amsterdam
Фото: Freepik

Холандскиот главен град се најде на високо петто место меѓу градовите кои водат здрав начин на живот. Амстердам има едно од најниските нивоа на дебелина во Европа, животниот век на неговите жители е 82 години, а годишното население работи „само“ 1.399 часа.

Извор: Putnikofer.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот