X
 22.02.2017 Наука

Закани кои можат да го уништат животот на Земјата

Научниците од Кембриџ направија листа од најголемите ризици кои им се закануваат на човештвото.

закана

Центарот за проучување на егзистенцијален ризик на Кембриџ се занимава со проучување и намалување на егзистенцијалниот ризик со нагласување на ризиците кои можат да го загрозат човештвото, а доаѓаат од технолошкиот напредок и човечката активност. Ова се најголемите закани:

1. Вештачката интелигенција ќе го преземе светот

Доколку вештачката интелигенција се развива со брзина како индустриската и земјоделската револуција, тогаш можеме да очекуваме дека нејзиниот развој нема да запре толку лесно. Центарот за проучување на егзистенцијалниот ризик проценува дека машините ќе располагаат со 90 отсто од човековата интелигенција до 2075 година. Посебна опасност лежи во фактот дека ризикот од вештачка интелигенција зголемува други ризици, меѓутоа не веруваат дека ќе дојде до сценарио слично на она од филмот „Терминатор“.

2. Супервирус - пандемија од грип

Еден од најпознатите широко изучувани ризици е оној во кој се појавува природно или вештачки предизвикана пандемија. Според проценките на Центарот, можно сценарио во кое вештачки создадени или вештачки зголемен вирусот презема контрола или едноставно бега од лабораторијата. Особено станува збор за висок степен на ризик, бидејќи вирусите имаат способност лесно да се размножат, така што мерките за нивно спречување би биле многу посложени. Се тврди дека со денешната биотехнологијата може да се создадат патогени со кои средновековната чума би наликувала на обична настинка.

3. Роботите ќе создадат моќна војска

Оружје со кое може да управува вештачката интелигенција веќе постои и денес. На границата меѓу Северна и Јужна Кореја се чуваат роботски чувари кои можат да и пукаат. Кај овој ризик се мисли на сценарио во кое вештачка интелигенција се доведува ниво каде што може да ги идентификува целите. Ризикот лежи во тоа што оружјето станува поевтино, а со тоа и подостапно. Над сето тоа станува и поефикасно, па можеме да замислиме дека со такво напредно оружје би можело да се уништи цело население на еден мал град, за помалку од еден час. Нова трка во вооружување меѓу суперсилите би помогнала во вакво сценарио. Беспилотните летала се веќе присутни во секој случај.

4. Нуклеарен конфликт ќе ѝ донесе крај на нашата цивилизација

Овој ризик едноставно мора да се земе во предвид иако за него не се зборува толку колку во времето на Студената војна, велат од Центарот за проучување на егзистенцијален ризик. Меѓу некои од земјите со вакво оружје веќе се предизвикани тензии, како Индија и Пакистан. Овде посебно се обрнува внимание на можноста од случајно избивање на конфликт предизвикан од лажна тревога. Таквата случајна војна помеѓу, на пример, Америка и Русија може да се случи на секои 14 години.

5. Климатските промени ќе ја нарушат инфраструктурата

За некои научници ова и не е голем проблем, но не и непостоечки, како што тврди администрацијата на Доналд Трамп. За истражувачите ова е нешто на кое треба да се обрне внимание. Најголемиот ризик изумирањето на некои видови со што би се нарушил некој екосистем до таа мера што би го довел во опасност човекот или клучен ресурс за него.

6. Во Земјата удира астероид и предизвикува пропаст на човештвото

Тука се` е јасно. Доколку нема атмосфера, Земјата постојано би била удирана од мали астероиди. Сепак, нејзината атмосфера согорува се` што е помало од 10 метри, па не се случуваат никакви удари. За да се случи нешто вакво, ударот на астероидот на површината на Земјата би бил еднаков на експлозијата на нуклеарните бомби во Хирошима. Историјата кажува дека астероид со размер поголем од 10 метри ја удира Земјата на секои 1.000 години. Секои милион години комета со големина на еден километар ја удира Земјата, а тоа е доволно да ја наруши нејзината клима, да предизвика пропаст на некои видови и така да го доведе човештвото во опасност. Астероидот кој ги уништил диносаурусите се појавува на секои 50 до 100 милиони години.

7. Животот каков што го знаеме е само симулација


За правилно да се процени некој ризик, мора правилно да се проценат и неговите достигнувања. Но, што ако ние не сме единствен интелигентен вид во вселената туку сме само дел од нешто многу поголемо што и сами не можеме да го разбереме? Постојано кружат вести за тоа дека многу пари се инвестирани за истражување на идејата дека живееме во Матрикс. Оваа хипотеза претпоставува дека луѓето со својата историја и култура не се само експеримент, туку сао играчка на некој поголем ентитет. Според некои, токму тоа е причината зошто универзумот е толку совршено уреден.

8. Недостигот на храна ќе предизвика масовен глад

Овде недостигот на храна се гледа низ призмата на глобалниот раст на населението. Земјата до 2050 година ќе има скоро 9.6 милијарди луѓе. Така, некои научници тврдат дека производството на храна ќе треба да го зголемиме за 70 отсто во овие 30-тина години, колку што ни останаа до 2050 година. За овие професионални проценувачи, ризикот од проблеми е во тоа што мора да се унапреди и технологијата на производство на храната, а таа досега воглавно се базираше на фосилни горива. Така, поради побарувачката, ќе се зголемат и цените, што повторно може да доведе до глобални немири.

9. Исчезнувањето на вселената во еден момент, предизвикано од човекот

Во ова сценарио работи високата наука. Центарот за проучување на егзистенцијален ризик предупредува на можноста дека она што мислевме дека е вакуум во вселената, всушност содржи честички. Но, всушност да постои „вистински“ вакуум кој ќе го вовлече веќе постоечкиот универзум. Досега тоа не можело да се случи поради стабилноста во која егзистира вселената. Но, постојат научници кои ја гледаат опасноста во системи како што е Големиот судирач на честички кои според нив има таква сила што оваа стабилност може да се наруши.

10. Владетел тиранин ќе ја наруши безбедноста на светот

Експертите од Центарот за проучување на егзистенцијалниот ризик одржале состанок веднаш после победата на Доналд Трамп. Темата била дали тој сам претставува егзистенцијален ризик. Но тука има и нешто корисно. Со вниманието насочено на Трамп, повеќе нема да се окупираме со опасноста од вештачката интелигенција, туку и со други фактори кои останаа заборавени. На состанокот било заклучено дека Трамп не претставува поголема закана за светот од било кога порано, бидејќи не освои мнозинство на гласови. Ќе има многу противници за неговите екстремни одлуки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука