„Бункери за сите“ е една од фразите на Швајцарците, кои ја имаат честа да живеат во земјата со најмногу засолништа во Европа.
Швајцарија троши многу пари (повеќе од 20 отсто од својот буџет) за да се осигури од многу работи, а тоа го потврдува и законот според кој секој жител мора да има место за заштита до кое може за брзо време да стигне од местото на живеење. Некогаш сите сопственици на станбени згради морале да изградат и да опремат засолништа за сите станари.
Иако Швајцарија е неутрална и како таква ги избегнала големите војни што беснееле околу неа, веројатно сцените на силно уништување и страдање оставија слика што ја натера јавноста да мисли дека е добро да се има безбедно засолниште.
Во Швајцарија има околу 360.000 засолништа низ целата земја, во станови, болници и во разни институции, како и повеќе од 5.000 јавни засолништа.
Во случај на армагедон, Швајцарците не мора да се грижат дали ќе најдат бункери за да се засолнат од опасноста. Од крајот на 80-тите години бројот на засолништа продолжил да расте, а со текот на времето Швајцарците одлучија да се одморат од неуморното градење бидејќи немаат непријатели, а со тоа немаат и очигледна опасност.
Тунелот Зоненберг во Луцерн, изграден во 1976 година, е швајцарски предводник на мегапроектите за заштита на цивилите. Просторот, дизајниран да засолни 20.000 луѓе, има и болница, операциона сала, контролен центар и други објекти. Без разлика на неговата големина, проектот имал многубројни недостатоци. Една од нив била врата дебела 1,5 метар и тешка 350 тони, која не можела да се затвори правилно, а логистиката на толку голем број луѓе на едно место била под знак прашалник. Во 2006 година Швајцарците се откажале од засолништата.
Денес, повеќето засолништа во Швајцарија служат како складишта за велосипеди, винарски визби и слично.Љубовта кон бункерите ја делат Албанците, Швеѓаните и Финците, како и жителите на Јужна Кореја, Сингапур, Кина и Индија, но Швајцарците сепак се на прво место кога станува збор за заштита на нивните жители.
Фото:
Instagram