Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е ставена во функција најавената можност граѓаните на Скопје што се фотографирале за нови патни исправи во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и МТВ, да го проверат статусот на нивниот пасош.
Како што се појаснува во соопштението од МВР, може да се види дали пасошот е во процес на изработка или е изработен и може да се подигне.
- Со оваа функција значително ќе се придонесе кон намалување на метежите што се создаваа бидејќи граѓаните беа принудени да чекаат и по неколку часа само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен - се наведува во соопштението.
Од МВР информираат дека во тек е надградување на овој систем со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за другите пунктови, како и за статусот на личните карти.
Проверката може да се направи на https://termin.mvr.gov.mk/document_status
Извор: МИА