На местото каде што некогаш се наоѓаше пешачкиот премин кај плоштадот Теразије сега е поставено платно со исцртани линии.
Бришењето на еден од најфреквентните пешачки премини во Белград – помеѓу Теразиската чешма и хотелот „Балкан“ – предизвика гнев кај граѓаните, кои и покрај ризикот продолжија да ја минуваат улицата на тоа место. Сепак, вчера добија „пешачки премин за носење“.
Зад акцијата за поставување на платното со нацртана „зебра“ на местото на укинатиот премин стои Зеленото-лево движење.
- Го вративме пешачкиот премин на Теразије, таму каде што му е местото! Граѓаните на Белград, поради непромислената одлука на Шапиќ, останаа без пешачки премин што го користат повеќе од 10.000 луѓе дневно. Поради ваквата одлука, која создава уште поголеми проблеми, лицата со попреченост и мајките со колички ќе имаат проблем при движењето низ градот. Градот треба да им припаѓа на граѓаните, а не на корумпираната власт - напиша движењето на својот твитер-профил.
Во јавноста оваа одлука предизвика бурни реакции, а на социјалните мрежи граѓаните изразија незадоволство поради укинувањето на преминот.
Во меѓувреме, хаосот во сообраќајот во Белград продолжува, додека властите остануваат без одговор на реакциите на јавноста.
Извор:
Nova.rs
Фото:
Twitter