X
 26.03.2015 Живот

Случајности од кои ќе ве полазат морници

Прочитајте неколку случајности од кои ќе ве полазат морници.

1. На 4 ноември, 2008 година Барак Обама победи на претседателските избори. На 5 ноември, една од победничките комбинации на лотаријата во Илиноис, беше 6-6-6.

2. Јужноафриканскиот астроном Даниел ду Тоит само што завршил со предавањето на лекцијата за тоа дека смртта може да се случи било кога - тој седнал, извадил бомбона и ја ставил во устата. За жал, тој се удавил и ја докажал неговата лекција.

3. За време на продукцијата на „Deus Ex“, продуцентите на играта заборавиле да ги стават кулите близначки. Во објаснувањето тие ставиле дека кулите биле уништени од терористички напад.

4. Убиството на Франц Фердинанд ја предизвика Првата светска војна. Тој бил убиен во автомобил со регистарски таблички A III 118. Војната завршила на 11/11/18 во 11 часот наутро.

5. Во 2002 година, 70 годишен Финец бил убие од камион додека се обидувал да помине преку пат на неговиот велосипед. Два часа подоцна, неговиот брат близнак бил убиен под истите услови, на само еден километар од истиот пат.

6. Во 1883 година, Хенри Зигленд раскинал со неговата долгогодишна девојка. Скршена од болка, таа се самоубила. Нејзиниaот брат се решил за одмазда и го барал Зигленд. Кога конечно го пронашол, тој нишанел кон неговото срце и пукнал. Зигленд паднал на земја. Братот на девојката, верувајќи дека успеал да ја заврши одмаздата, се самоубил со истиот пиштол. Но, не знаел дека Зигленд преживеал и дека го погодил во образ, а куршумот заминал во дрвото.

Неколку години подоцна, Зигленд се обидел да го исече истото дрво. Имал одлична идеја да искористи динамит - но од динамитот куршумот го погодил во главата.

7. Во 1838 година Едгар Алан По го објавил романот „The narrative of Arthur Gordon Pym of Nantucket“. Романот вклучува приказна за четворица мажи на море откако нивниот брод потонал. Очајни, мажите го убиваат момчето Ричард Паркер.

46 години подоцна, бродот„Mignonette“ ја доживеал истата судбина. Четворицата преживеани исто така изеле момче, и секако, момчето го имало истото име - Ричард Паркер.

8. Семјуел Клеменс односно Марк Твен бил роден во 1835 година, кратко време после Халеевата комета. Подоцна во текот на неговиот живот, тој предвидел дека ќе умре кога кометата повторно ќе се појави. Во 1910 година, еден ден пред појавувањето на кометата, Марк Твен починал од срцев удар.

9. Французинот Жан Мари Дубари бил егзекутиран затоа што го убил неговиот татко на 13 февруари, 1746 година. 100 години подоцна, на 13 февруари, друг човек бил егзекутиран поради истата причина. Името на човекот? Жан Мари Дубари.

10. Францускиот барон Родемир де Таразон бил убиен од Клод Волбон во 1872 година. Две децении подоцна, таткото на баронот де Таразон бил убиен од друг човек кој го носел името на убиецот на неговиот син - Клод Волбон.

11. Кралот Умберот I од Италија вечерал во ресторан во градот Монца, на 28 јули 1900 година. Тој открил дека сопственикот на ресторанот изгледал исто како него и се викал Умберто. За работите да бидат пошокантни нивните сопруги имале исто име, а ресторанот бил отворен истата година кога Умберто станал крал. Следниот ден, двајцата Умбертовци биле застрелани.

12. На 26 ноември, 1911 година, тројца мажи биле осудени за убиството на Сер Едмунд Бери и биле обесени на Greenberry Hill во Лондон. Нивните имиња? Green, Berry и Hill.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот